На 11 Октомври успешно се заврши Вториот меморијален турнир “Жарко Кузмановски”. Турнирот, кој ги привлече фановите и учесниците, кулминираше со возбудливи натпревари кои ја истакнаа посветеноста и вештината на сите вклучени.
На првиот натпревар од агендата на 11 Октомври победи тимот Јоки Букс Партизан и со тоа го освоија 3-тото место на турнирот. Честитки за освоениот висок пласман.
Во големото финале на Вториот меморијален турнир “Жарко Кузмановски” второто место го освои тимот САЕ. Честитки за големиот успех и одличната игра на целиот турнир!
Официјално победник на Вториот Меморијален турнир “Жарко Кузмановски” во мал фудбал е тимот “Даниел тим Трио Дизајн Јованоски мебел”. Упатуваме честитки на најдобрата екипа оваа година која во финалето на 11 Октомври триумфираше во дуелот со САЕ со резултат 2-1. Воедно, упатуваме голема благодарност кон сите тимови за учеството и покажаниот фер плеј, како и до публиката за нејзината посветена поддршка.
На Вториот Меморијален турнир “Жарко Кузмановски” за најдобар стрелец беше прогласен Марко Спироски. Честитки за одличниот учинок!
Најдобар голман на турнирот беше Денис Бојоски, додека за најдобар играч беше прогласен Марио Благојевски.
Турнирот официјално заврши на 11 октомври 2024 година, оставајќи зад себе низа незаборавни моменти и инспиративно наследство. До следната година!