bike10year-intro

Соопштение: Го Организираме 10-тиот Меморијален Велосипедски Марш во Чест на Хероите од Диво Насеље

Почитувани пријатели, поддржувачи и граѓани,

Со особена чест и одговорност, Ве известуваме дека нашата организација го организира 10-тиот традиционален Меморијален Велосипедски Марш, посветен на сеќавањето и оддавањето почит на загинатите бранители од трагичните настани во Диво Насеље.

Дата на одржување: 17 мај 2025 година

Овој настан е симбол на нашата заедничка благодарност и признание за хероите кои своите животи ги вложија за нашата татковина. Ве повикуваме сите – семејства, пријатели, љубители на велосипедизмот и сите граѓани со почит кон жртвата на бранителите – да ни се придружите и заедно да испратиме порака на единство и сеќавање.

Организиран превоз

Обезбедивме бесплатен организиран превоз за учесниците од Скопје, Куманово, Тетово и Гостивар, градови од каде што потекнуваат семејствата на загинатите херои. За сите останати учесници, кои не се од овие градови, препорачуваме самостојна организација на превоз до стартната точка. По завршување на маршот, ќе биде обезбеден превоз од Гостивар до Куманово за сите на кои им е потребен.

Рута на велосипедскиот марш

Стартот на маршот е од влезот на Куманово кон Скопје, со посета на следните локации:

  • Студеничани – вечното почивалиште на Исамедин Османи
  • Камник – вечното почивалиште на Горан Стојменовиќ
  • Стајковци – вечното почивалиште на Бобан Ивановиќ
  • Бутел – вечното почивалиште на Љубиша Аранѓеловиќ
  • Касарна Илинден
  • Касарна Ѓорче
  • Тетово – вечното почивалиште на Сашо Самојловски
  • Брвеница – вечното почивалиште на Жарко Кузмановски
  • Гостивар – вечните почивалишта на Ненад Серафимовски и Горан Илијевски

За целата рута ќе обезбедиме полициска придружба и придружни возила за поддршка на учесниците. Секој кој нема можност да продолжи со возење, може да се приклучи во придружните возила. За безбедност, препорачуваме носење заштитна кацига.

Нашата порака

Целта на овој меморијален марш е да ја одржиме живо сеќавањето на хероите, да ја изразиме нашата почит и да ги потсетиме идните генерации на нивната храброст и жртва. Заедно, преку овој настан, ја испраќаме пораката дека нивната борба никогаш нема да биде заборавена.

Ве повикуваме да се приклучите и да возиме во чест на хероите!

Контакти за пријавување

  • Скопје: Бојан Стојменовиќ – 071-289-146
  • Тетово: Наум Кузмановски – 071-275-494
  • Гостивар: Боби Јовановски – 078-304-993
    *За дополнителни информации и пријавување за учесници од други градови, јавете се на било кој од овие броеви.

Со почит,
Фондација Жарко Кузмановски

pobednik2024

Kрај на Вториот Меморијален Турнир “Жарко Кузмановски”

На 11 Октомври успешно се заврши Вториот меморијален турнир “Жарко Кузмановски”. Турнирот, кој ги привлече фановите и учесниците, кулминираше со возбудливи натпревари кои ја истакнаа посветеноста и вештината на сите вклучени.

На првиот натпревар од агендата на 11 Октомври победи тимот Јоки Букс Партизан и со тоа го освоија 3-тото место на турнирот. Честитки за освоениот висок пласман.

Во големото финале на Вториот меморијален турнир “Жарко Кузмановски” второто место го освои тимот САЕ. Честитки за големиот успех и одличната игра на целиот турнир!

Официјално победник на Вториот Меморијален турнир “Жарко Кузмановски” во мал фудбал е тимот “Даниел тим Трио Дизајн Јованоски мебел”. Упатуваме честитки на најдобрата екипа оваа година која во финалето на 11 Октомври триумфираше во дуелот со САЕ со резултат 2-1. Воедно, упатуваме голема благодарност кон сите тимови за учеството и покажаниот фер плеј, како и до публиката за нејзината посветена поддршка.

На Вториот Меморијален турнир “Жарко Кузмановски” за најдобар стрелец беше прогласен Марко Спироски. Честитки за одличниот учинок!

Најдобар голман на турнирот беше Денис Бојоски, додека за најдобар играч беше прогласен Марио Благојевски.

Турнирот официјално заврши на 11 октомври 2024 година, оставајќи зад себе низа незаборавни моменти и инспиративно наследство. До следната година!

443695550_953654663428558_2268775624753743232_n

,,Почесниот велосипедски круг”и оваа година во чест на хероите од Диво Насеље.

Секоја година, велосипедисти од цела Македонија и пошироко се собираат за да учествуваат во „Почесниот велосипедски круг“, настан кој има посебно значење за сите нас. Овој спортски настан не е само обичен велосипедски круг; тој е симбол на почит и сеќавање на осумте храбри полицајци кои ги загубија своите животи во борбата против терористите во Куманово, Диво Насеље.

Настанот започна како иницијатива на локалната заедница и семејствата на загинатите полицајци, со цел да се оддаде почит на нивната жртва и да се потсети на важноста на мирот и безбедноста. Со текот на годините, „Почесниот велосипедски круг“ прерасна во национален симбол на единство и солидарност.

Секој мај, велосипедисти од сите возрасти и нивоа на искуство се приклучуваат на овој настан.

Турата ќе започнува на влезот во Куманово и ќе продолжи по автопатот до Скопје, потоа низ градот Скопје и тоа до гробиштата во с.Студеничани, „Камник“, с.Стајковци, гробиштата „Бутел“, касарна „Илинден“ и „Ѓорче Петров“, од каде ќе продолжи по автопатот до Тетово – градски гробишта, с.Брвеница, во продолжение по автопатот до с. Зубовце, Гостивар и ќе заврши на гробиштата во Гостивар.

Настанот е поддржан од многу локални и национални организации, кои обезбедуваат логистичка поддршка, освежување и медицинска помош за сите учесници.

„Почесниот велосипедски круг“ не е само спортски настан, тој е порака на надеж и единство. Секој учесник, со своето присуство, испраќа порака дека жртвата на нашите херои не е заборавена и дека нивната борба за мир и безбедност продолжува да живее во нашите срца.

398115153_122136197852025592_680339277059969560_n

Меморијалниот турнир во мал фудбал Жарко Кузмановски 2023

Позитивна атмосфера, натпреварувачки дух, полни трибини и многу голови, го одбележаа турнирот во мал фудбал, кој беше одржан во чест на загинатиот бранител Жарко Кузмановски.

Турнирт се оджува за прв пат во спортската сала во Брвеница, со поддршка на компанијата Mozzart.

„За организација на еден ваков турнир секоја помош е добредојдена бидејќи нашата цел е да се подигне нивото на турнирот на повисок степен од сите слични турнири кои се одржуваат во нашата околина а воедно да се организира достоен турнир каков што заслужува Жаре. Овој турнир се одржува за прв пат годинава со намера да стане традиционален и да се организира секоја година. Сакам да им се заблагодарам на Mozzart што го препознаа овој турнир и помогнаа во неговата организација, со надеж дека соработката ќе продолжи и во наредните години”, изјави Наум Кузмановски, член на организациониот одбор.

Победници на првиот меморијален турнир во мал фудбал, кој се одржа во чест на Жарко Кузмановски се фудбалерите од Оддел за заштита на определени личности и објекти.

„Задоволство ни е што организаторите на турнирот се обратија кај нас за помош и поддршка за организација на турнирот. Соработката продолжува и натаму”, изјави Ивана Стефановска Крстевска од Mozzart.