Во изминатиот период, тимот на Фондацијата Жарко Кузмановски со гордост зеде учество на неколку значајни турнири во мал фудбал, одржани во Тетово и околината. Нашата фондација континуирано се залага за промоција на спортот, развој на спортскиот дух и поттикнување на младите генерации да ги следат вистинските вредности и здрав начин на живот.
Во рамки на нашите активности, фондацијата со свој тим учествуваше на два значајни турнири: турнирот во мал фудбал во Јегуновце и традиционалниот турнир „Бобе Јуниор“. Овие настани претставуваат одлична можност за нашите млади членови да ги покажат своите спортски вештини, да се дружат и да ја зајакнат тимската работа.
Најава за претстојни активности
Со задоволство најавуваме дека во наредниот период нашиот тим ќе земе учество и на престојниот турнир во мал фудбал во тетовското село Ратае. Ваквите настани се од исклучително значење за заедницата, бидејќи придонесуваат кон развојот на спортот и создавање на позитивна атмосфера меѓу младите.
Фондацијата Жарко Кузмановски останува посветена на својата мисија за поддршка на младите и промоција на спортските вредности во регионот. Ги охрабруваме сите заинтересирани да ги следат нашите активности и да се приклучат во градењето на подобро и поздраво општество.

